САД: Демократите предлагаат помош од три трилиони долари

Претседателката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси предложи пакет економска помош во износ од три трилиони долари, за кои Демократската партија смета дека се неопходни за борбат против пандемијата на Ковид-19 и ублажување на економскиот колапс.

Пелоси вели дека предлогот е појдовна точка во преговорите со претседателот Доналд Трамп и републиканската партија, кои одлучно го отфрлија нацрт законот за економски олеснувања, а за кој треба да се гласа утре.

– Ништо од тоа, тоа е мртвороденче, рече претходно Трамп.

Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел денеска предупреди дека без интервенција, САД ризикува долготрајна рецесија.

Пратениците во обата дома треба да гласаат утре, но Сенатот веќе соопшти дека до јуни нема да се разгледува нов пакет помош.

Треба да знаете
Последни објави