ВМРО-ДПМНЕ: Фактот што вонредната состојба се продолжи покажува дека немаме услови за избори

Денешното продолжување на вонредната состојба за дополнителни 14 дена е показател за целата конфузност на власта. Од една страна кажуваат дека има услови за избори, од друга страна се продолжува вонредната состојба, стори во соопштението од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Самиот факт што вонредната состојба се продолжува на барање на Филипче и Комисијата за заразни болести е показател дека СДСМ, иако е свесна дека нема услови сака да оди на избори за да минимизира пораз, па макар и по цена на здравјето на граѓаните и нивните животи. Барањето на избори и лиферувањето на дати од една страна, и барањето за продолжување на вонредната состојба од друга страна, е показател за конфузноста, но и доказ дека не можеме да имаме фер претставување на сите учесници на една состојба во изборната трка во ситуација на криза- е наведено во соопштението.

 

Токму затоа, потенцираат оттаму, е важно дефинирање на датум, кој ќе произлезе откако претходно ќе се отклонат опасностите по здравјето на луѓето, според кој ДИК ќе може да ги планира активностите.

Треба да знаете
Последни објави