Еколошките организации бараат Владата да не им наложува пластика за еднократна употреба на угостителите

16 еколошки граѓански организации подготвија свој став и предлог до Владата на РСМ во врска со протоколот за работа на угостителите.

Долунаведените еколошки граѓански организации ги поздравуваат напорите на Владата на РСМ да се справи со коронавирусот, но мора да нагласиме дека при носење одлуки и мерки мора да се земат предвид последиците и предизвиците со кои се соочуваме во областа на животната средина и управувањето со отпад. Разбираме дека намерата е во насока на зачувување на здравјето на луѓето во актуелната пандемија, но одлуките кои ги носиме денес не смее да ни наложуваат да бираме меѓу здравје и екологија, бидејќи тие не се исклучуваат туку се меѓусебно поврзани. Накусо, мерка која треба да придонесе за заштита на јавното здравје, не смее истото да го загрозува.

Во овој контекст, сакаме да апелираме да не им се наложува на рестораните и кафулињата да користат единствено пластика за еднократна употреба за служење на храна или пијалаци бидејќи тоа ќе предизвика дополнителни количини отпад и преполни контејнери. И според правилникот за „управување со отпад во време на пандемија” од МЖСПП, ЈКП и АДКОМ треба да се избегнуваат мерки кои придонесуваат за производство на дополнителни количини отпад, бидејќи преполнувањето на контејнерите може да придонесе за интензивирано ширење на вирусот.

Воведувањето на пластична амбалажа за еднократна употреба особено може негативно да се одрази врз водите (Охридското, Преспанското, Дојранското и другите езера, како и реките Вардар, Брегалница и други) кога во услови на нерегулирани депонии и ниска свест кај граѓаните, може да бидат претрупани со пластика. На долг рок тоа може да донесе само дополнителни зарази, болести и еколошка деградација. Освен тоа, ќе предизвика реверзибилен процес на сите напори што се прават за намалување на отпадот од пластика, вклучително и на принципите веќе интегрирани во новиот пакет закони за отпад. Доколку се
остане на истиот став ќе се создадат нови и, за жал поддржани од владата, нееколошки практики кои потешко ќе се надминат во иднина. Имено, постои голема опасност пластичниот прибор за еднократна употреба да стане синоним за „хигиенски”, а опасноста од вирусот ќе опстои, така што искоренувањето на таа навика ќе биде исклучително тешко.

Ќе напоменеме дека употребата на пластична амбалажа за еднократна употреба во земјава е во постојан пораст. Почнувајќи од лажичките за кафе, цевките, преку трендот со т.н. кафе за носење и други пијалаци, пакувана храна, па сè до ограничувањата поради коронавирусот кои дозволуваат исклучиво достава или подигање храна за носење од угостителските објекти.

Во македонското општество отпадот е сè уште еден од основните проблеми, рециклирањето е во зародиш и не се стекнати навики за негово селектирање, така што, дополнително креирање на пластичен отпад е спротивно на основните цели и начела на Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин” Скопје законите за отпад кои се во процедура од минатата година и истото е во директен конфликт со основните постулати на циркуларната економија.

Неодамна, со цел на подигнување на свеста и давање позитивен пример, Владата донесе одлука за исфрлање на пластичните производи за еднократна употреба од министерствата и Собранието, одлука која срдечно ја поздравивме. Доколку се препорача користење на пластика за еднократна употреба, владата ќе оди спротивно од своите заложби и ќе се стави во улога на поттикнувач на енормно зголемување на создавање пластичен отпад. Поттикнувањето на употреба на пластична амбалажа за еднократна употреба е, исто така, спротивно на заложбите на Европската Унија која на 11 мај препорача дека „циркуларната економија треба да е во срцето на економското опоравување”. Имено,
комесарот за животна средина Синкевичиус им се обрати на европратениците со пораката
дека во методите на економско опоравување треба да применуваат стратегии за циркуларна
економија[1].

Неколку предлог-решенија и мерки кои сметаме дека ќе го заштитат јавното здравје и ќе го намалат создавањето на отпад се следните:
– Владата да одреди буџет кој би се користел како субвенција од страна на
угостителските објекти за истите да може да се снабдат со еколошки-прифатливи пакувања
(хартија, картон, дрвен прибор) со цел оној отпад што ќе се создаде во природата да може да
се разгради со најмал негативен ефект врз неа. Во тој контекст, да се обврзат угостителите
да воведат систем за примарно селектирање на отпадот и предавање на овластен оператор,
со цел нивно рециклирање и намалување на секоја можност да се генерира повеќе отпад од
досегашната пракса.
– За граѓаните, препорачуваме да си носат сопствена амбалажа за повеќекратна
употреба за храната или пијалаците кои ќе ги купуваат од угостителските објекти. Така и
граѓаните ќе може да се чуствуваат сигурни во чистотата и безбедноста на сопствената
амбалажа, а ќе стекнат и добри навики за понатаму.
– Угостителите би можеле да понудат на користење амбалажа за повеќекратна
употреба за нивните гости кои нема да си носат своја. Овој пристап може и позитивно да
влијае врз приходите на угостителите и ќе им ги намали трошоците на угостителите од
постојана набавка на нова амбалажа.
Би сакале да потсетиме дека новата „нормалност” за која зборува Владата е токму
еколошко освестување и одржливо управување со нашите ресурси. Затоа очекуваме
рационални одлуки кои на најефективен начин ќе обезбедат заштита на јавното здравје од
актуелната пандемија, но и ќе се гарантира заштитата на животната средина, а со тоа и
основните услови за живот на луѓето во оваа земја.

Подготвено и поддржано од:
Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин – Скопје
Новинари за човекови права
Балканска Водна Мрежа
Организација за информација и заштита на природа – ИНЦ
Здружение за заштита на животната средина ЕКО ЛОГИК
Центар за истражѕвање и информирање за животна средина „Еко-свест” Скопје
Здружение за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н.
Граѓанска иницијатива Охрид ЅОЅ
Здружение Амброзија Пехчево
Здружение за заштита на животна средина и промоција на еколошки живот – Еко-живот,
Кавадарци
Организација ОРТ, Скопје
Еко Гаја – Битола
Еко Герила Преспа
Greener – Здружение за зелено општество

Треба да знаете
Последни објави