Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека американската Влада ќе инвестира во сите најдобри кандидати за вакцината против коронавирусот. Според него, списокот засега е со 14 ветувачки можности со план за понатамошно намалување.
Трамп изрази надеж дека вакцината ќе биде достапна пред крајот на годината.
Претседателот на САД рече дека неговата администрација ќе мобилизира сили за дистрибуција на вакцината откако ќе биде одобрена.