Бритни Спирс се чини дека добро се забавува во самоизолација и ужива во друштво на 26-годишниот партнер Сем Ашгари.
Во четвртокот попладне, Бритни и Сем излегоа во дворот на нејзината луксузна куќа во Таусанд Оукс, Калифорнија, за да се релаксираат во модерниот инфинити базен, базен без визуелно дефинирани рабови што создава ефект дека е бесконечен.
„Каков прекрасен ден !!!! Боже, благослови“, напиша 38-годишната поп ѕвезда во описот на фотографијата што ја сподели на Инстаграм.
На фотографиите – видени од речиси 25 милиони следачи на Спирс, пејачката на себе има бикини во црно-бел дезен додека лежи на проѕирен душек за вода.
Поп иконата од крајот на 90-тите и 12 години помладиот манекен и фитнес модел Сем Ашгари се запознаа пред четири години на снимањето на видеозаписот на нејзината песна Slumber Party. Љубовната врска почнала неколку месеци потоа.