(Видео) Се чека одлука за притворот на епископот Јоаники и свештениците

Судијата за истраги во Основниот суд во Никшиќ денеска одлучува дали епископот Јоаники и осуммина свештеници на СПЦ да останат во притвор, пренесува Б92.

Судијата одлучува дали ќе им биде одреден притвор од 30 дена или ќе ги ослободат да се бранат од слобода.

Владиката и свештенството се сомничат дека ги прекршиле мерките кои ги донело Националното координативно тело поради спречување на ширењето на коронавирусот.

Пред судот се собра народ, како поддршка за Јоаники и свештениците. Таму се и монахињи од манастирот Свети Лука од Жупа и митрополитот Амфиохие.

https://www.facebook.com/vukovlad1389/videos/2940390886069098/?t=4

Треба да знаете
Последни објави