Владата на СДСМ е само пример за погрешни политики и како не треба да се работи

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

 

Доцна е СДСМ да говори за победа, бидејќи е се поочигледен поразот на избори. Граѓаните видоа за овие три години што добија од СДСМ. Граѓаните добија корупција, криминал, сиромаштија. За овие три години Република Македонија падна на дно во сите полиња, единствен бенефит видоа бизнисите на Заеви и нивните пријатели.

Владата предводена од СДСМ не успеа да го заштити здравјето на граѓаните, а за тоа говорат бројките на новозаболени. Нема ниту навремен скрининг на населението што е клучно за креирање на соодветни здравствени политики. Владата предводена од СДСМ ниту во  делот на економијата не постапи соодветно и навремено. За тоа говори малиот број на правни субјекти кои ги користат мерките понудени од владата за справување со последиците од корона вирусот. За тоа говори бројката на отпуштени работници.

Владата предводена од СДСМ е само пример како не треба да се работи, пример за погрешни политики.

 

Треба да знаете
Последни објави