Вработена во градинка во Битола е заразена со коронавирус

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 225 теста се направени во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 135 лица од Битола, каде е регистриран еден  позитивен случај, а преку МАНУ тестирани се 90 лица од Скопје и сите се негативни, се вели во најновиот извештај на Институот за јавно здравје.

-Преку ИЈЗ тестирани се 135 лица од Битола, каде е регистриран 1 позитивен случај, а преку МАНУ тестирани се 90 лица од Скопје и сите се негативни, велат од министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче, на вчерашната прес конференција истакна дека скринингот на вработените во градинките треба да заврши за десетина дена, по што градинките повторно ќе бидат отворени.

Треба да знаете
Последни објави