Велимир Смилевски, градоначалникот на Општина Бутел денес во сите основни училишта донираше компјутери и таблети за учениците. Истите се наменети за деца од социјално загрозени семејства чии родители не можат да си дозволат да им ги купат. Смилевски донираше и пет плати од кои две беа наменети за купување на 22 таблети за овие дечиња.
-Денеска донирав 52 персонални комјутери и таблети во сите општински основни училишта со цел да се надмине проблемот со следењето на он-лајн наставата- вели Смилевски.
Според него на овој начин треба да се надмине проблемот со следењето на он-лајн наставата, воведена со избивањето на корона епидемијата. Во текот на денот беа доделени 13 донирани исправни стари компјутери во рамките на акцијата :,,Донирај го својот стар компјутер,, 10 се нови донирани компјутери од Град Скопје, а 22 се лична донација на градоначалникот Велимир Смилевски. Воедно беа поделени и пакети со храна за социјално загрозените семејства.
Со парите кои ги донираше од неговата прва плата беа купени и направени хуманитарни пакети, со две плати се купени комјутери и таблети, а две плати се наменети како донација во Фондот за борба против корона вирусот.