Златан Ибрахимовиќ ќе го напушти Милан по крајот на сезоната. Со оваа вест излезе италијанскиот весник „Кориере дела Сера”, кој додаде дека напаѓачот ќе се врати во родната Шведска и ќе игра во локалната лига, за екипата на Хамарби.
Синоќа поранешниот шведски репрезентативец беше тестиран негативно за КОВИД-19 и веднаш сподели фотографија на социјалните медиуми, во која тој стои на терасата на својот дом во Милано. Фотографијата беше придружена со текстот „Бог се враќа и ве гледа”.
Сепак, „Кориере дела Сера” верува дека Златан нема да го обнови договорот со Милан и дека е подготвен да си замине по крајот на сезоната.
Ибрахимовиќ купи дел од акциите на Хамарби, со чиј тим тренираше и за време на карантинот. Ова го натера да ја разгледа можноста да игра трајно за клубот, иако фудбалерот ја започна својата кариера во големиот непријател на Хамарби – Малме.
God iZ back and watches over you pic.twitter.com/yWxN638Zbx
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) May 14, 2020