Американскиот милијардер Илон Маск продолжи да го исполнува ветувањето дека нема да има во сопственост ниту една куќа и огласи продажба на пет куќи.
На продажба стави пет недвижнини кои ги поседува во Калифорнија, со вкупна вредност од 97,5 милиони долари. Четири од нив се на Бел-Аир, а една во престижниот Хилсбороу во Силициската долина.
Претходно стави на продажба две недвижнини во Бел-Аир, кога на почетокот на мај објави дека сака да живее во изнајмена недвижнина. Тие две недвижнини ги огласи за 39,5 милиони долари.
Имотот во Хилсбороу се простира на 47 хектари и има планинарски патеки, градини и куќа стара повеќе од 100 години со десет спални соби.
Минатата недела на Твитер најави и дека ќе го пресели седиштето на својата компанија „Тесла“ од Калифорнија во Невада, откако локалните власти не му дозволија да започне со работата на фабриката во Фермонт, поради мерките за ограничување во рамките на борбата против коронавирусот.