Прес-конференција, Коста Петро
За оваа мерка поднесени беа вкупно 23 861 Барањa, а се однесуваат за 21 542 компании. За оваа мерка имаат аплицирано и 6.000 самостојни вршители на дејност или повеќе од 45% од регистрираните. Во целост е реализирана и првата бескаматна кредитна линија ,,Ковид1″. Одобрени се 738 кредитни барања за компании со вкупно 6.524 вработени кои ги исполнуваат условите.
· 77% од одобрените компании се микро, до 10 вработени
· 51% од одобрените компании се од дејноста на угостителството
· 43% од одобрените компании се од дејноста на транспортот
Заклучно со вчера се исплатени 2,9 милиони евра од одобрените 4,7. За последната група одобрени, неопходни се неколку дена додека се потпишат договори и да се воспостават одобрувања.
Во врска со бескаматната кредитна линија КОВИД 2, заклучно 13ти мај, завршија 15те дена од јавниот повик за аплицирање. Според информациите кои ги има банката, пристигнати се околу 4.340 апликации. Економскиот совет на СДСМ го финализира и третиот сет на мерки за директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка.
Се работи за долгорочен сет на мерки во кои се опфатени сите индустрии и граѓани погодени од кризата со коронавирусот а кои ќе овозможат модернизација, трансформација и конкурентност на македонската економија. Вкупната вредност на мерките од третиот сет ќе изнесува околу 355 мил еур а опфатени ќе бидат 730,000 корисници. Со овој пакет, вкупната помош за економијата од трите сета мерка изнесува 1 милијарда евра што е речиси 10% од БДП.
Почитувани граѓани, заедно ќе го изодиме овој тежок пат и верувам дека заедно ќе излеземе од оваа криза уште посилни.