На 14.05.2020 во 13.15 часот било пријавено дека на крстосницата од улиците Марко Крале и Хо Ши Мин во Скопје, мопед „априлија рели“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.Б.(37) од Скопје, удрил во тригодишно девојче кое возело тротинет.
По незгодата, детето било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.