Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска го повтори ставот на Демократската унија за интеграција дека прашањето за избори за нив е секундарно во однос на зачувувањето на здравјето на граѓаните.
Одлуката за тоа дали треба да има избори, според Османи, треба да ја донесат стручните лица од Комисијата за заразни болесит.
– Ќе го цитирам Ахмети кој рече дека ние сме во војна, а во војна, одлуките ги носат генералите. Во нашата војна генерали се докторите и епидемиолозите и тие треба да одлучат за понатамошните стратешки чекори. Ние сме подготвени за избори, но одлуката треба да ја донесе сепак Комисијата и стручните тимови имајќи го фактот дали изборниот процес ќе влијае врз пандемијата и здравјето на граѓаните, изјави Османи, одговарајќи на новинарски прашања по денешното примопредавање на донацијата од Австрија.