Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтер ја погоди американската сојузна држава Невада, соопшти националната Служба за геолошки надѕор.
Според информациите, епицентарот на потресот бил 57 километри северозападно од градот Тоноп, на длабочина од 7,6 километри. Засега нема извештај за материјална штета или евентуални жртви.