Кривичниот суд извести дека 48 судии донирале вкупно 575 илјади евра во фондот за справување со коронавирусот. Пет судии не прифатиле да одделат дел од платата. Во просек останатите дале по 20 отсто од платата или по 12 илјади денари.
Кривичен бара и останатите да го следат нивниот потег и да донираат сите кои имаат месечни примања од над 40 илјади денари.
Судиите од Кривичен апелираат вакви донации да издвојат адвокатите, нотарите, газдите на фирми, директори, уредници во медиуми да донираат значително висок дел од платата како што го направиле самите тие.