Гвинет Палтроу со пејачот Крис Мартин, ја имаат ќерката Епл, која во четвртокот го прослави нејзиниот 16-ти роденден, а по тој повод Гвинет објави неколку фотографии.
https://www.instagram.com/p/CALoLIIjAoh/
Младата девојка изгледа прекрасно и многу наликува на нејзината мајка.
https://www.instagram.com/p/Bsl4cPnhled/
„Не ми се верува дека ги пишувам овие зборови но… среќен 16-ти мое драго девојче. Ти си светлината на моето срце, ти си чиста радост. Ти си многу интелигентна и ја имаш најдобрата смисла за хумор.
Ги сакам нашите ноќни разговори кога можам да слушнам што навистина мислиш. Работиш напорно за да го постигнеш она што сакаш. Пресреќна сум што сум твоја мајка, ти убава, млада жено“, напишала актерката.
https://www.instagram.com/p/BoMiWcGnmkU/
Гвинет речиси никогаш не споделува фотографии од нејзините деца, па објавата со Епл навистина ги изненади фановите.