Oд Дирекцијата за заштита и спасување потврдија дека Владимир Поповски (85) од Битола е пронајден жив под Тумбе кафе, oбјави телевизија „Тера“.
Речиси 48 часа го немаше, по што од вчера и официјално беше објавено од полицијата дека се води за исчезнат.
Од како беше пронајден веднаш беше преземен од страна на медицински лица.
Утрово Дирекцијата за заштита и спасување и полицијата како и планинари, доброволци, пријатели, роднини трагаа по битолчанецот.