Четворица стружани ќе платат по 3.000 евра, деветмина велешани по 800 евра за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Велес денеска поднесе предлози за издавање казнен налог против девет лица осомничени за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетите го прекршиле полицискиот час, па биле затекнати како се движат на различни локации, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, информираат од обвинителството.

Јавниот обвинител предложи на сите обвинети да им бидат изречени парични казни во висина од по 40 дневни глоби, а износот на една дневна глоба да биде определен на 20 евра во денарска противвредност.

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка пред надлежен суд против четири лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Еден од обвинетите, на 1 мај за време на полицискиот час, бил затекнат при расправија со друго лице во дворот на здравствената амбуланта во село Лабуништа. Останатите тројца обвинети биле запрени од овластени полициски службеници додека се движеле на различни локации за време на полицискиот час. Со ова сите пoстапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим  за движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел спречување на ширењето на заразна болест.

За стореното кривично дело, надлежното обвинителството до Основен суд Струга поднесе предлози за издавање казнени налози со кои предложи на секој од обвинетите да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби со износ на една дневна глоба од 30 евра во денарска противвредност.​

Треба да знаете
Последни објави