Вест за двојно убиство извршено во основното училиште „Сава Шумановиќ“ во Ердевик, денеска ги вознемири граѓаните на Србија. Убиена во просториите на училиштето е директорката Бранислава Г. (49) и Мирослав Б (56), за кој се вели дека е нејзин возач. Убиството го извршил нејзиниот љубоморен сопруг Предраг Г (53), кој неофицијално се сомневал дека неговата сопруга имала љубовна афера со возачот. Затоа се претпоставува дека и тоа е мотивот за извршеното двојно убиство.
Осомничениот Предраг Г. влегол во училиштето со автоматска пушка утринава околу 9.30 часот и
почнал да пука смртно погодувајќи ја својата сопруга Бранислава и возачот Мирослав. За среќа, во тој момент во училиштето немало деца.
Полицијата со брза интервенција веднаш го уапсила извршителот на двократното убиство.