Креаторот на бразилската ракометна репрезентација, Енрике Тешеира (31 г., 192 см, 95 кг.), е нов играч во редовите на македонскиот суперлигаш Металург. Тимот од Автокоманда и Тешеира потпиша едногодишен договор.
Тешеира игра на позиција среден бек, а потекнува од бразилскиот клуб Маринга. Во Бразил играше уште за најуспешниот бразилски клуб Таубате, пред да се пресели во Асобал лига, каде настапуваше за екипите на Гранољерс и на Хуеска. Во 2018 година се сели во Романија, каде ги брани боите на ЦСМ Букурешт, од каде и доаѓа во Металург.
Тешеира за бразилската репрезентација одигра 120 натпревари и постигна 178 голови. Беше дел од репрезентацијата на последното СП во 2019 година во Германија и во Данска. На Пан-Американските игри во 2018 година е прогласен за најдобар играч.
Тешеира е четвртото засилување во Металург, по Момир Рниќ, Бранко Канкараш и Никола Потиќ.