Кети Пери во четвртокот вечер го промовираше водечкиот сингл Daisies („Маргаритки“) за својот долгоочекуван петти студиски албум.
А во видеото што трае речиси три минути, Кети на себе има романтичен ленен фустан кој потоа уметнички го соблекува давајќи ѝ на публиката јасен поглед на разголениот труднички стомак.
Промовирајќи доверба во телото и славејќи ги промените на формата на нејзиното тело, Кети своите интимни делови ги покрива со рацете, и целосно се препушта на она што доаѓа природно.