Експлозија во хемиска фабрика во индустриската зона Малконтента, во близина на Венеција, предизвика голема операција за итни случаи, при што од жителите е побарано да се засолнат во своите домови и да ги блокираат прозорците со влажни крпи, пренесува РТ.
Најмалку еден работник е сериозно повреден во хемиската фабрика откако околу 11,30 часот по локално време експлодирал резевоат. Дебела столб црн чад е видлива низ градот и над лагуната.
Во моментот во фабриката се наоѓаат пожарникари и единици за заштита од биохемиска опасност од Венеција и од Тревизо, со повеќе амбулантни возила, хеликоптери и специјални екипи за спасување.
https://twitter.com/nicolanicolagu1/status/1261220572379348992
Воспоставени се безбедносен кордон и и транспортни заобиколувања. На луѓето им се советува да ја избегнуваат областа.
Полицијата издаде црвено предупредување за засолнување, а сирените се вклучија да го предупредат локалното население да остане во затворено.