Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, откри како ја запросил неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ. Новак и Јелена во интервју за американскиот новинар Греам Бесинџер, откри детали за кои јавноста досега не ги знаела.
Меѓу останатото, Новак раскажа и за моментот кога ја прашал Јелена дали сака да му биде негова сопруга.
Просидбата, како што вели тој, на прв поглед, не се одвивала како што треба.
„Отидовме да се возиме со балон. Изнајмив еден балон, кој требаше да не дигне високо. Во моментот кога јас дадов знак, требаше покрај нас да полета знак, на кој ќе пишува, ‘Дали сакаш да се омажиш за мене’. Проблемот настана кога балонот се запали. За среќа не беше страшно. Јелена почна да паничи“, раскажува Ноле.
„Господи, имаме дупка во балонот“, викала Јелена, додека Ѓоковиќ се обидувал да ја смири…
Преземено од reporter.mk