Зоран Заев и СДСМ би го жртвувале и здравјето на граѓаните само за да го намалат и онака очекуваниот изборен пораз.
ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите кога и да се случат тие, но здравјето на граѓаните мора да биде пред се.
Заев не го интересира здравјето на граѓаните исто како што не го интересира ни економската состојба на граѓаните и фирмите.
Фирмите се оставени без помош. Пакетот мерки на владата не е достапен за фирмите и не нуди никаква помош.
Стопанството е оставено буквално само на себе.
Вистинските последици од кризата ќе ги видиме овој месец кога ќе бидат уплатени даноците за април, месец кој беше во целост опфатен од кризата.
За да се надминат последиците во економијата, потребна е стратегија, бидејќи за поединечни мерки е предоцна.
ВМРО-ДПМНЕ има стратегија за обнова на Македонија. Целосно враќање на рамниот данок и негово постепено намалување до 8% и понатаму е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ за по изборите.
Ќе биде спроведена целосна царинска гилотина, ќе се изгради автопатот од Велес до Битола и понатаму до Меџитлија. Ќе има инвестиции во секое поле за реално заживување и развој на економијата.
Со СДСМ не можеме да мрднеме од мртва точка. Со СДСМ само тонеме.