Околу 28,4 милиони планирани операции се откажани или одложени низ целиот свет, како резултат на епидемијата на Ковид-19, според меѓународна студија на група хирурзи CovidSurg Collaborative објавена денеска.
„Во 12-те недели на прекинати болнички активности како резултат на Ковид-19, 28,4 милиони интервенции беа откажани или одложени низ целиот свет, па пациентите чекаа подолго од очекуваното за решавање на нивните здравствени проблеми”, соопшти болничкиот центар во Рен, француски партнер во истражувањето.
Таа меѓународна студија беше водена од научници од Универзитетот во Бирмингем и објавена во British Journal of Surgery. Научниците собраа информации од хирурзи од 359 болници и 71 земја за откажување на планирани операции.
Според податоците, „секоја нова недела на прекинување во болниците предизвикува 2,4 милиони нови откажувања”.