Лидерот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) Валтер Борјанс оцени дека актуелната криза поради епидемијата на коронавирусот може да се совлада само со повисоки даноци.
Борјанс во изјава за „Пасауер Ноје Пресе”, нагласи дека во некои области мора да се воведат повисоки даноци, доколку Германија сака да го ограничи државното задолжување.
– Нема алтернатива за тоа, порача тој.
Тој истакна дека после кризата треба да се затворат сите „дупки” за избегнување даноци и да се воведе повисок придонес за високи примања и имот.