Гласачите загрижени поради наводите за сексуален напад на неговата поранешна вработена во Сенатот, Тара Рид, треба да гласаат како што им налага срцето и ако ѝ веруваат, не треба да гласаат за него, посочи Џо Бајден, пренесува „Њујорк Пост“.
„Ако ѝ веруваат на Тара Риа, тие веројатно не треба да гласаат за мене. Ни јас не би гласал за себе ако ѝ верував на Тара Рид “, рече веројатниот кандидат за претседател од Демократската партија.
Бајден продолжи силно да ја негира приказната на Рид дека во 1993 година ја притисна врз ѕид и сексуално ја нападнал.
„Па, да бидам искрен, не се сечавам“, рече тој на прашањето дали воопшто и се сеќава на Рид.
Бајден исто така рече дека ако биде избран, тој нема да го помилува Доналд Трамп за какви било кривични дела.