(Видео) Протести низ Германија, полицијата употреби солзавец

Втор викенд по ред илјада луѓе се собраа на протести во неколку градови во Германија против рестриктивните мерки воведени поради епидемијата на коронавирус.

Протести одржаа и таканаречените заговори, противници на вакцинацијата, екстремни левичари, ултрадесничари, а имало и собири кои немаат никаква врска со рестрикциите.

Во Берлин протестите ги разделувале 1000 полицајци, кои се обидувале да контролираат на едно место да не се собираат повеќе од 50 луѓе. Над стотина луѓе се собрале на собир на теоретичари на заговори и познатиот готвач Атиле Хилдман против рестриктивните мерки.

Во Минхен полицијата ги разделувала демонстрантите, од кои многумина не носеле маски ниту држеле прописно растојание меѓу нив.

Протестите во главно поминале мирно, освен во Хамбург, каде полицијата употребила солзавец за да раздвои 800 левичари и десничари, а неколку лица се уапсени.

Во Хамбург е одржан и протест против теорија на заговор, пренесе „Велт“.

Демонстрации се одржаа во Штутгарт, Минхен, Берлин, Франкфурт и други градови.

Во Штутгарт минатата ноќ непознати лица запалиле три камиони со техника за денешниот протест, а штетата е проценета на 200.000 евра.

Треба да знаете
Последни објави