Во подземна пештера со длабочина од околу 20 метри во близина на грчкиот град Лутраки на Пелопонез, утрово беа пронајдени четири мртви лица на возраст од 35 до 72 години, а во акцијата за извлекување на телата учествувал 21 пожарникар со пет возила, јави дописничката на МИА од Атина.
Причините за смртта, како и која била причината што четворицата мажи се нашле во пештерата, официјално не се познати, а надлежните работат на расчистување на случајот.
Според локалните медиуми, станува збор за германско засолниште од Втората светска војна, не ја исклучуваат можноста починатите да барале скриени лири, а смртта да настанала од задушување, поради тоа што со нив имале генератор, како и алатки за копање.
Сепак, не постои официјална потврда на овие информации.
Грчката новинска агенција АНА-МПА, објави дека безживотните тела биле пронајдени на длабочина од пет метри, а акцијата на полицијата и противпожарната служба започнала по пријавата од роднина на еден од загинатите