За време на сериозна здравствена криза, ВМРО-ДПМНЕ се единствени кои наместо да помагаат, свесно преку лажни вести и деструкции се обидуваат што повеќе да одмогнат.
Еден денар не донираше ВМРО-ДПМНЕ за справување со последиците од коронавирусот и упорно не се откажува од парите што има следуваат преку државното финансирање.
Покрај таквото срамно однесување, ВМРО-ДПМНЕ се дрзнува да шири лажни вести за хуманитарни акции, па дури и да врши полициски упади во хуманитарни здруженија каде структури на нивниот Наќе Чулев малтретираа и се закануваа кон млади волонтери.
За целото ова време ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена само по лажни вести и вежабњето на Христијан Мицкоски во затворени теретани. Тоа е се што добија граѓаните од оваа деструктивна и антинародна партија.
За ВМРО-ДПМНЕ хуманоста, солидарноста и помагањето биле и ќе останат непознати категории, тоа е партија научена само да граба од граѓаните а парите да завршуваат во нивниот бел дворец.
ВМРО-ДПМНЕ е различна партија, единствена партија е во Европа која навива за коронавирусот и сака последиците од неа да бидат што поголеми.
За таквото нивно однесување казната од граѓаните ќе ги стигне многу брзо, на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат наскоро.