(Видео) Вучиќ го одржа првиот онлајн политички собир

Српскиот претседател Александар Вучиќ го одржа првиот онлајн собир, насловен како „За нашите деца“, кој беше пренесуван на Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб.

https://www.facebook.com/vucicaleksandar/videos/677956162991669/?t=0

Опкружен со бројни монитори и прекинуван со аплаузи, Вучиќ испрати порака дека Србија напредува и се развива. Влегувајќи во студиото тој им мафна на своите приврзаници, кои овој настан, најавен како прв онлајн политички собир, го следеа со повеќе од сто екрани, пренесе Нова.рс.

Вучиќ пораките на гласачите им ги испрати стоејќи сам на говорница во празно студио.

„Три работи на кои ќе посветиме внимание: тоа се здравството, образованието и инвестициите. Да ги доведеме нашите луѓе назад, затоа што се важни инвестициите. Секој кој го научил својот занает, останете овде, на сите ќе им биде неспоредливо полесно и подобро“ порача Вучиќ.

Во услови кога на сила се уште се епидемиолошките мерки поради пандемијата со коронавирусот, во Србија започна кампањата за парламентарните избори закажани за 21 јуни. Кампањата всушност ја спроведуваат само владејачките партии, а предводник е претседателот Александар Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави