Руандскиот бизнисмен Фелисиен Кабуга, кој се смета за финансиер на геноцидот од 1994 година во Руанда и кој активно го бара меѓународната правда дваесет и пет години, беше уапсен утрово во Париз, јави дописникот на МИА.
– На возраст од 84 години, тој живеел под лажен идентитет во еден стан во Аниер-сур-Сен, благодарение на добро разработената тактика и помогнат од неговите деца, се наведува во соопштението на Париското обвинителство.
Тој е обвинет дека ги создал милициите Интерахамве, кои според Обединети нации во 1994 година убиле повеќе од 800.000 луѓе во Руанда.
Кабуга ќе биде предаден на Судот во Хаг, каде ќе му се суди за злосторства против човештвото.
– Апсењето е потсетник дека одговорните за геноцидот може да се сметаат за одговорни дури 26 години по нивните злосторства, изјави главниот обвинител на Меѓународниот механизамза кривични судови во Хаг, Серж Брамерц.