На премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн не ѝ било дозволено да влезе во познат ресторан во Велингтон, поради почитување на мерките за физичка дистанца.
„Гардијан“ пренесува дека ресторанот „Олив“ бил преполн, па на премиерката и на нејзиниот партнер им било кажано дека ќе мораат да причекаат надвор.
Владиниот портпарол изјавил дека „чекањето да се влезе во ресторан е нешто што може да му се случи на секој, додека траат мерките против ширењето на коронавирусот“.
„Премиерката изјави дека ќе чека како и сите останати“, изјави тој.
Сопственикот на ресторанот изјавил дека нема исклучоци кога станува збор за овие мерки.
„По извесно време таа влезе со нејзиниот партнер, јадеа, останаа час и половина. Беше прекрасна спрема сите вработени и третирана како обичен муштерија“, изјавил сопственикот за медиумите.