Американски борбен авион „Ф-22″ се урнал за време на „рутинскиот лет” на Флорида, а пилотот успеа да се катапултира, објавија американските воени сили.
Пилотот е пренесен во локална болница во воздухопловната база „Иглин” „за набљудување и проценка” и се наоѓа во стабилна состојба, пренесува Си-Ен-Ен.
Несреќата се случила на околу 20 километри североисточно од базата и во неа нема жртви.
Воените авторитети го испитуваат инцидентот.