Бизнисменот Феликиен Кабуга од Руанда, осомничен за вмешаност во геноцидт извршен во Руанда, е уапсен денеска во регионот на Париз, соопшти француското Министерство за правда.
Меѓународните правосудни органи 25 години трагаат по 84-годишниот Кабуга.
„Откриено е дека живеел под лажно име во стан во Асниер-Сур-Сеин, во близина на Париз“, се вели во соопштението на Министерството.
Кабуга е најбараниот човек од Руанда, а САД најавија награда од пет милиони американски долари за него.
Овој член на племето Хуту е обвинет за финансирање милиции кои масакрирале околу 800.000 припадници на племето Тутси и умерени членови на Хуту во 1994 година, во период од сто дена.
Тој прво ќе биде изведен пред Апелациониот суд во Париз, а подоцна и пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.