Вонредната состојба се злоупотребува, не за заштита на здравјето на граѓаните, туку за носење на уредби со законска сила, со цел да поминат буџетските пакети за поткуп, кои што Заев ги нарекува помош, во пресрет на можните избори.
Продолжувањето на вонредната состојба беше барање на Комисијата за заразни болести поради како што наведоа, заштита на здравјето на граѓаните, а вчера гледаме дека вистинската причина била токму носењето на уредби, како и што призна самиот Стево Пендаровски, со што се злоупотребува и комисијата и нејзиното мислење.
Организирано делење на пари во пресрет на можни избори не е ништо друго туку покривање на неуспесите во економијата со груб еднократен поткуп казнив со закон.
Оттука ги повикуваме и оние кои што ги потпишуваат уредбите да внимаваат што потпишуваат, а и оние кои што имаат намера да потпишат нешто што е незаконско, да знаат и да внимаваат што потпишуваат, затоа што ќе одговараат и целата нивна работа ќе биде предмет на ревизија.
Со тоа што СДСМ испрати ултиматум, избори или во јуни, или редовни во декември покажа дека не им е грижа за здравјето на граѓаните туку се борат за што потесен пораз.
Со ова им падна и во вода тврдењето дека биле за брзи избори сега затоа што на есен ќе имало нов бран на корона, кога тие бараат избори во декември.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ убедено во силна победа, ќе се бори првенствено за заштита на здравјето на граѓаните.
Наместо со лицитација на датуми за избори и притисоци врз ДИК за неразумни кратења на роковите, СДСМ треба да се посвети кон заштита на здравјето на граѓаните. Сето нивно однесување, освен несериозност покажува дека се опасност по здравјето на граѓаните, и сакаат Фејсбук избори кои ќе бидат нерегуларни и некредибилни.