Тимот на Пари Сен Жермен ќе се натпреварува со Барселона и Челси за играчот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ, тврди „РМЦ Спорт”.
Иднината на играчот од средниот ред е под знак прашалник, а босанскиот репрезентативец е силно поврзан со трансфер кај Каталонците.
Францускиот шампион ќе се обиде да го засили средниот ред, по што се очекува да се раздели со Андер Ерера.
Се шпекулира дека Пјаниќ може да стане дел од размената со Артур Мело од Барселона.
Англиските медиуми исто така тврдат дека Челси ќе се обиде да го привлече, бидејќи „бјанконерите” сакаат да го земат Жоржино, кој важи за миленик на тренерот Маурисио Сари.
Според „РМЦ Спорт”, доколку ПСЖ не успее со Пјаниќ, тој ќе биде префрлен во Усем Ауар од Лион и Тиемуе Бакајоко