Штербик со нова функција во Веспрем, тој е нов тренер на голманите

Некогашниот голман на Вардар и еден од најдобрите ракометни голмани во историјата на ракометот, Арпад Штербик, останува во Веспрем, но со нова улога.

Тој во иднина ќе работи како тренер на голманите, откако го најави своето пензионирање пред неколку дена.

Оваа информација ја потврди и тренерот на Веспрем, Дејвид Дејвис, на прес-конференцијата, организирана од шпанската ракометна федерација.

„Арпад останува со нас и ќе работи како тренер на голманите. Драго ни е што тој останува во клубот и тој ќе ни биде од голема помош“, изјави Дејвис.

Треба да знаете
Последни објави