Аеродромот во Братислава промовира нов деловен модел за време на кризата со коронавирусот, кога бројот на патнички летови е сведен на минимум.
На овој аеродром во моментов се приземјени 72 авиони од типот „Бомбардиер” на „Еуровингс”, „AУA” и другите авио-компании, за шпо аеродромот наплаќа паркирање.
Поради ниските трошоци и компанијата ќерка на австриската авио-компанија „AУA техника” е преместена во Братислава, каде околу 300 вработени ги одржуваат авионите од типот „Даш”.
Во моментов, 15 авиони на „Еуровингс” и четири авиони на „AУA” се наоѓаат на аеродромот во Братислава, а австриската компанија има намера таму да ги пренесе сите 17 авиони „Даш”.