Битолчанец во Скопје фалсификувал дозволи за движење во полициски час

Дваесет и двегодишен битолчанец признал дека изработувал фалсификувани дозволи за движење во полициски час во Скопје.

Според информациите на МВР, при претрес во дом на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје, каде престојува З.Т. (22) од Битола, биле пронајдени предмети за изработување на дозволи за движење при забрана за движење, фалсификувани документи за кредити и други предмети.

З.Т. признал дека изработил пет лажни дозволи за движење во полициски час, со печат на две фирми.

По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави