Поранешната директорка на светски познатиот Музеј на мумии во мексиканскиот град Гванахуата, ги обвини локалните власти за исчезнувањето на 22 експоанти и го повика Унеско да преземе мерки, за да се сочува оваа најголема збирка мумии.
Некогашната директорка, сега промотор на културни настани, Палома Рејес Лакајо, и претходно поради слични проблеми му се обраќаше на Националниот институт за антропологија и историја, а сега посебно зошто пред отворањето на културните институции во Мексико, по пандемијата на коронавирусот, забележано е дека недостигаат некои мумии.
Според неа, се работи за невнимание и негрижа.
„Верувам дека најверојатно дошло до скелетонизација, односно распад на меките ткива и дека останале само коски“ претпоставува ексдиректорката.
Рeјес Лакајо предупредила дека културната градина е загрозена бидејќи локалните власти дозволуваат мумиите да се изнесуваат и изложуваат по фестивали и саеми низ Мексико. Носени биле дури и на трки со автомобили без соодветна дозвола или почитување на протоколот за заштита. Официјално не е ни дозволено изнесување на мумиите од Музејот.
Иако Музејот на мумии може да се пофали со колекција од 117 мумифицирани остатоци – со 111 целосни женски и машки тела, четири глави и два фетуса, Рејес Лакајо тврди дека сега има само 95.
Мумиите се природно мумифицирани тела на починати, кои биле ископани од гробиштата Свети Павле во Гванахуату, главен и најголем град на истоимената држава, позната по борбата за мексиканска независност. За време на епидемијата на колера од 1826 до 1851 година починале многу луѓе и телата се веднаш погребани за да не се ширела болеста.
Кога градските власти вовеле такса за гробно место почнало со ексхумација на сите починати за што наследниците не биле во можност да платат. Извесен број на тела, најверојатно поради квалитетот на земјата и обилните дождови, останале природно мумифицирани, па таквите тела биле сместени во една зграда. Потоа се појавил голем интерес за оваа природна состојба, па голем број луѓе биле подготвени да платат за да ги видат мумиите.
Првата мумија е изложена уште во 1865 година.