Град Скопје реши да му стави крај на дивјачкото возење во Чаир па булеварот Цветан Димов вечерва доби бетонска банкина, дознава 24 Инфо.
ЈП”Улици и патишта” поставува во моментов бетонски жардинери долж улицата од потегот кај Јаја Паша џамијата до ТЦ”Чаирчанка”.
Бетонската ограда треба да го спречи непрописното возење по булеварот и особено полукружните свртувања кои ја загрозуваат безбедноста на пешаците.
На местото се градоначалникот Петре Шилегов и директорот на ЈП, Сенад Смаиловиќ.