Кон крајот на следната недела ќе се отворат угостителските објекти

На почетокот на следната недела Владата ќе најави нови мерки на олеснување на рестрикциите, а кои ќе се однесуваат на работата на угостителските објекти, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Сепак, тоа ќе се однесува пред се’ на она што го предвидуваат протоколите кои ги изработија експертите – епидемиолози, а првите угостителски објекти ќе можат да почнат со работа кон крајот на следната недела.

„На почетокот на неделата сакаме да укажеме кои се принципите што треба да се почитуваат, за во мометот кога тие ќе почнат со работа, да знаат како да се вратат во функција“, рече Филипче.

Повторното отворање на угостителските објекти беше најавено во втората фаза од олеснување на мерките, но под строги мерки и протоколи кои нема да го доведат во ризик здравјето на граѓаните.

 

 

Треба да знаете
Последни објави