Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 19 часот при вршење обиколка на место викано Осој во атар на село Чајлане, покрај карпата во каменоломот кој се наоѓа на патот кон резерватот „Јасен” пронашле човечки череп.
Увидна екипа од СВР Скопје денеска во присуство на Јавен обвинител и лекар од Институтот за судска медицина и криминалистика извршила увид на местото на настанот, а телото било ископано, подигнато и предадено за обдукција.