Директорот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Роберт Редфилд, предупреди дека моделите на нивниот центар предвидуваат дека бројот на умрени од корорнавирусот во САД до 1 јуни ќе надмине 100.000.
„ЦДЦ следи 12 различни модели за предвидување на можни смртни случаи од Ковид-19 во САД. До 11 мај сите модели предвидуваа зголемување на смртните случаи во следните недели и дека до 1 јуни вкупниот број ќе надмине 100.000 умрени”, навде Редфилд на Твитер, пренесен од Си-Ен-Ен.
Според „Worldometers”, досега во САД од коронавирус има умрено 88.507 лица, додека повеќе од 1,4 милиони луѓе се заразени.