(Фото) Карамбол на новиот булевар во Бутел: Во судир на три автомобили настрада и бандера

Карамбол се случил денеска на новопуштениот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел, дознава 24 Инфо.

Во сообраќајката, која се случила околу 15.30 часот учествувале три автомобили.

За среќа, во незгодата нема повредени. Од ударот на еден од автомобилите падна една од новопоставените столбови со осветление.

Булеварот, кој има шест коловозни ленти и е долг два километри, беше официјално пуштен во сообраќај минатата недела.

Сепак, според граѓаните кои живееат во овој дел на градот, новиот булевар ги предизвикува неовесните возачи да возат побрзо од дозволеното, па може да се очекува вакви сцени да се повторат и во иднина на оваа сообраќајница.

Треба да знаете
Последни објави