Лидерот на владеачката СДСМ Зоран Заев, потсетува што се случи на 17 мај 2015 година во Македонија. Тој на својот Фејсбук профил напиша и постираше видео за да се потсетат гаѓаните на не така дамнешното минато.
-Пет години од денот кога црвената боја ја вративме таму каде што припаѓа – кај граѓаните!
На 17 мај 2015 рековме „ние доаѓаме“. И дојдовме со срце, го победивме режимот, ја вративме слободата, обединети и одлучни.
Денеска живееме во слободна, демократска и праведна држава – членка на НАТО, на сигурен пат кон Европската Унија.
https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/290218045311321/