(Видео) Италијанец поради карантинот паднал во долгови, па го демолирал својот локал

Италијанецот Џиан Марио Фену (59) во Сардинија ја уништил својата пицерија затоа што сфатил дека ќе падне во уште поголеми долгови ако ја отвори по два месеци карантин во Италија, отколку ако ја затвори.

Во видеото што го објави на Фејсбук тој вели дека за сè е виновен коронавирусот.

„Не можам повторно да го отворам локалот, фала ти, ковиде“, рече тој. „Не обвинувам никого, едноставно не можам да продолжам. Иако беше затворена, пицеријата ме чинеше 3.000 евра месечно“.

На снимката се гледа како со чекан ја крши внатрешноста на својот локал „Фанатик“, кој успешно го водел цели 30 години.

Поради пандемијата на коронавирус и воведувањето рестриктивни мерки во Италија, сите кафулиња, пицерии и ресторани, меѓу другите, се затворени уште од март.

https://www.facebook.com/ciondolo.fenu/videos/3158684894154693/

 

Треба да знаете
Последни објави