Владата денеска го усвои третиот сет економски мерки во насока на опоравување на домашната економија во периодот на враќање во нормала по кризата со коронавирусот. Како што објави на прес-конференцијата во Владата премиерот Оливер Спасовски, третиот пакет мерки ќе изнесува 355 милиони евра, или 5,5 отсто од бруто домашниот производ, а со него ќе бидат опфатени 730.000 корисници. Со него ќе бидат опфатени сите категории граѓани на кој ќе им бидат доделени платежни картички, ваучери со различен паричен износ за да им се помогне ан домашните компаниии, а ќе има и викенд без ДДВ кој сите граѓани ќе можата да го искорситат да купат што им е потребно по намалени цени од облека, мебел, бела техника,санитариим книги..
– Воведуваме викенд без ДДВ за сите граѓани, преку поевтини цени за граѓаните. Поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори како што се продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. Очекуваме дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе се слеат во македонското стопанство, соопшти Спасовски.